Правила и услови на користење

  • Содржина и услуги на порталот goldenpoints-gbn.com и нивно користење.
  • Регистрација на правни и физички лица

Порталот goldenpoints-gbn.com е официјална веб страница на компанијата ГОЛДЕН ПОИНТС НЕТВОРК, ДООЕЛ Скопје. ( Во продолжение Golden Points)

Користењето на порталот goldenpoints-gbn.com подлежи на услови и правила доколку ги користите содржината и услугите на goldenpoints-gbn.com. Истото се однесува и за користење на сите подстрани на goldenpoints-gbn.com. Одредени домеини може да релинкуваат на потралот goldenpoints-gbn.com.

Прифаќањето на овие одредби и услови значи дека секој корисник е запознаен со овие услови и дека во потполност ги прифаќа.

Golden Points преку порталот goldenpoints-gbn.com на своите корисници им нуди пристап до различни интернет содржини и услуги. Golden Points го задржува правото да го откаже или да го промени изгледот, содржината и условите на goldenpoints-gbn,com и сите услуги на подстраниците кои се дел од goldenpoints-gbn,com без никаква претходна најава за тоа.

Golden Points не е одговорен за било каква штета која би можела да произлезе од тие промени.

Со прифаќањето на овие услови за користење корисникот разбира дека активностите на goldenpoints-gbn.com се изјави, најави, пораки на администраторот и слични објави за редовно информирање на корисниците на порталот и нормално функционирањена сите услуги на goldenpoints-gbn.com.

Golden Points се оградува од одговорноста за евентуали предизвикана штета која на било кој начин може да настане од или во врска со употребата на содржините и услугите на goldenpoints-gbn.com како и од штета предизвикана од активностите од посетител, корисник или трето лице кој ги злоупотребил содржините или услугите истакнати и овозможени од Golden Points.

Со регистрирање за услугите на goldenpoints-gbn.com порталот корисникот добива податоци за налогот за корисникот – корисничко имеи лозинка. Корисникот е должен води евиденција за корисничкиот налог, самиот одговорен е за тајноста на податоците на налогот и во потполност е одговорен за штетата предизвикана од неовластено користење на својот налог.

Со регистрацијата корисникот прифаќа одговорност за сите свои активности во врска со користењето на услугите на goldenpoints-gbn.com порталот.

Не е дозволено:

  • Пишување на пораки, праќање на емајл и размена на пошта е во спротивност со постоечките закони на Република Северна Македонија и ли меѓународните закони
  • Содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички, сектистички или штетни и предизвикувачки на било кој начин.
  • Објавување, праќање и размена на инфоармации кои се непроверени или за кои корисникот претпоставува или знае дека се лажни, со чие користење може да наштети на други корисници.
  • Лажно преставување во име на Golen Points или во име на други компании и поединци.
  • Манипулација со информации со кои има за цел да се прикрие потеклото на содржините објавени или пратени низ услугите на goldenpoints-gbn.com
  • Пишување на пораки, праќање на емајл и размена на содржини кои се авторски права согласно закон.
  • Пишување на пораки, праќање на емајл и споделување на содржини на други корисници без нивно одобрение или барање.
  • Свесно објавување или споделување на содржини кои содржат интернет вируси или слични компјутерски датотеки или програми кои се дизајнирани да го уништат или да го ограничат функционирањето на било кој комјутерски софтер или хардвер како и комуникациска опрема.
  • Користење на goldenpoints-gbn.com порталот за да на било кој начин се праќа или поттикне ширење на несакани комерцијлни содржини (спам).
  • Евидентирање, собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници на порталот поради правото уредено со закон за заштита на личните податоци како и поради правото за заштита на приватноста на содржини кои не се лични податоци.
  • Евидентирање на линкови од други веб страни и содржина примена од други корисници.
  • На корисничите на goldenpoints-gbn.com не им е дозволено да објавуваат содржини од други онлајн или офлајн услуги кои претставуваат конкуренција на услугите на goldenpoints-gbn.com или да повикуваат други корисници да станат членови на други конкурентски услуги.

Политика на приватност и заштитиа на лични податоци

Golden Points се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници на пораталот goldenpoints-gbn.com.

Податоците можат да бидат користени за информирање на корисниците и подобар увид и разбирање на барањата и потребите на корисниците на golden[oints-gbn.com порталот, за одржување на содржината и функционалноста на порталот и развој на можностите со цел подобрување на услугите.

Golden Points води сметка да биде обезбедена сигурноста на личните податоци. Податоците внимателно се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластено користење.

Golden Points не е одговорен за заштитата на податоците кои ги предава на трети лица како што се Google. Facebook, Twiter, Instagram….

Goldenpoints-gbn.com порталот содржи податоци, документи, информации и линкови кон други сајтови креирани од трети лица. Истите се означени како такви кога е тоа возможно.

Golden Points има право да одстрани соржини за кои смета дека било кој начин ги повредува и правата или интересите на golenpoints-gbn.com, на корисниците и или на трети лица или содржини кои не се во согласност со законот.

Корисникот, со објавување на свои содржини на порталот goldenpoints-gbn.com му дава право na goldenpoints-gbn.com бесплатно да ги користи истите за рекламни цели бее било какви ограничувања.

Опис на услугите на порталот goldenpoints-gbn.com.

Корисници на порталот goldenpoints-gbn.com се физички и правни лица.

Корисниците имаат право да ги користат услугите на Golden Points преку порталот goldenpoints-gbn.com.

За правните лица под услуги се подразбира објавување на рекламна или информативна содржина во облик на текст, слики и видеа, на производи и услуги кои правните лица ги нудат, а која содржина сами ја уредуваат преку својот профил во goldenpoints-gbn.com. Со прифаќање на овие услови и правила, правното лице се согласува, Golden Points во негово да рекламира рекламира, нуди и продава производи и услуги преку порталот goldenpoints-gbn.com, преку други домеини во сопственост на Golden Points или преку други медиуми. Цените за користење на услугите се одредуваат според изборот, позицијата и времетраењето на услугите кои правното лице сака да ги користи. За договорената соработка и користење на услугите се потпишува договор во писмена или електронска форма.

Golden Points го задржува правото да овозможи, на правното лице, бесплатно користење на одредени услуги во одреден временски период.

За физичките лица под услуги се подразбира, освен лесен и брз до содржини кои се истакнати на порталот goldenpoints-gbn.com и користење на привилегии кои Golden Points ги овозможува за нив. Привилегиите се од поширок спектар и имаат за цел е да им обезбедат заштеда при купување но и да остварат профит кој го добиваат во вид на бонуси како материјални или финансики средства. Во таа смисла физичките лица се класифицираат како соработници во различни кариерни позиции и во зависност од позицијата користат различни привилегии. Физичките лица се само корисници на услугите на Голден Поинтс и никако не смеат себе си да се сметаат или да се претставуваат како вработени, менаџери, деловни партнери или на било кој друг начин да се доведуваат во коорпоративна поврзаност со Golden Points или со другите правни лица кои соработуваат со Golden Points.

Физичките лица имаат право и да ги промовираат услугите на Golden Points и вклучувајќи ги и понудите на правните лица кои соработуваат со Golden Points но разбираат и согласни се дека трошоците предизвикани од тие активности ги покриваат сами. Golden Points не е одговорна за тие активностии и нема да учествува во покривање или поделба на евентуалите предизвикани трошоци.

Понатаму, физичките лица не смеат да ги преувеличуваат, несоодветно или неточно да ги претставуваат ефектите на производите и услугите кои ги промовираат или пак да представуваат нереалини суми и можности поради исполнување на личен интерес. Исто така не смеат да прикажуваат факти на одреден постигнат упех или резултат за да наведат дека тоа е сигурен успех или резултат доколку некој или било кој друг ги користи услугите на Golden Points.

Физичките лица, корисници на услугите на Golden Points разбираат дека одреден успех се постигнува со личен и тимски ангажман и дека истиот зависи од различни услови и влијанија на локалниот и светскиот пазар и дека тие се подлежни на промени.

Креирањето на кориснички налог за физичките лица е бесплатен.

Со креирањето на налог корисниците добиваат свој профил во goldenpoints-gbn.com и свој уникатен реферален линк. Рефералниот линк имаат право да го споделуваат на други потенцијални корисници преку кој линк тие можат да креираат свој кориснички налог. На тој начин системот води евиденција за поврзаност и одреден учинок според кој се освојуваат различни видови на награди.

Физичкото лице, кое бесплатно креирало налог, може да користи само одредени услуги од понудата на goldenpoints-gbn.com и тие услуги најмногу се однесуваат на купување по намалени цени на одредени артилкли преку купонска понуда но преку својот реферален линк може да создава тим на корисници кои се во директна поврзаност со неговит профил. Кога ќе избере позиција со повисок статус може да ги користи и другите привилегии за заштеда и профит.

Физичките лица кои имаат желба да користат привилегии од повисок статус потребно е да купат промотивен кариерен пакет од понудата на Golden Points. Истите содржат микс на производи, услуги и привилегии. Кариерните пакети се од различна содржина и со различни цени.

Golden Points го задржува правото да ги менува условите и содржината на кариерните пакети и воопшто на услугите кои ги нуди.

Поради влијание на пазарот, економијата или други влијанија и услови кои можат да се наметнат, Golden Points во секое време може да ги откаже услугите или дел од услугите без претходна најава или објаснување за тоа и не е одговорен за било каква штета предизвикана во врска тоа.

Со прифаќање на овие услови и правила се креира договор помеѓу Golden Points и физичкото лице кое е корисник на услугите на Golden Points и со тоа се смета дека корисникот се согласува со договорот и дека ја прифаќа лојалната наградна програма на Golden Points со сите услови и правила и со сите нејзини идни промени.